13 чудни обичаи поврзани со британските монарси

0
506

1. Мора да има барем 6 гаврани на Тауер (Кулата на Лондон)
„Ако и последниот гавран одлета од Тауер, кралството ќе падне …“, вели една легенда, според која на историската тврдина треба да има барем шест гаврани. Затоа и до сега има луѓе кои се грижат за птиците и се трудат ништо да не им недостасува. Според легендата гавраните го држат кралството на своите крилја.

2. Кралското семејство не може да биде допрено од некралски особи
Ова правило е воведено пред многу векови и според него обичните луѓе не можат да се допрат до кралското семејство. Денес, се разбира, ова правило често е прекршувано. За разлика од обичните граѓани, кои стојат на пристојна оддалеченост од кралското семејство, многу ѕвезди се сликаат со британското семејство, а да не зборуваме за меѓународните политичари кои често го посетуваат кралското семејство.

3. Немаат право да гласаат
Причината е дека гласањето на кралското семејство може да влијае на јавното мислење. Затоа на кралското семејство не се дозволува да гласа или да ги изнесе јавно своите политички ставови. Тие се трудат да работат ефикасно со секоја владеачка партија.

4. Не можат да учествуваат во владата
Никој од кралското семејство, дури и да не е директен наследник, не може да учествува во владата. На овој начин се избегнува можноста некоја кралска особа да го користи своето потекло, за да добие поголема моќ и лична корист.

5. Не јадат некои морски деликатеси
Ова правило не е задолжително, но е препорачливо. Некои членови на кралското семејство, вклучувајќи ја и кралицата, не јадат некои морски деликатеси, како школки и остриги, бидејќи тие често предизвикуваат алергиски реакции или труење. За разлика од нив, принцот Чарлс ги обожава морските плодови.

6. Тие секогаш влегуваат во точно утврден редослед
За време на официјални настани има многу строги правила во кој редослед може да влезе кралското семејство. Прво влегува владејачкиот монарх, во случајот – кралицата, а потоа останатите членови, подредени во однос на значењето на титулата.

7. Не можат да бидат Католици
Овој закон е неважечки од 2011 година, а тоа им овозможува на членовите на кралското семејство да склучуваат брак со Католици. Сепак тие самите треба да останат верни на Англиканската црква.

8. Нивната облека не смее да биде провокативна
Од членовите на кралското семејство се очекува секогаш да бидат елегантни и да ги следат модните трендови. Не им е дозволено да носат разголена и провокативна облека. Тоа е и причината кралското семејство секогаш да се појавува во јавност во стилна скромна облека.

9. Не им е дозволено да носат крзно
Во XII век кралот Eдуард III им забранува на сите поданици на Кралството, вклучувајќи ги и членовите на кралското семејство, да носат крзно. Никој не ја поништил забраната, бидејќи никој не ја почитува. Камила често се појавува со кожени капи, дури самата кралица си дозволува да се појави со таков додаток.

10. Треба да прифатат сите подароци со благодарност
Каков и да е подарокот, кралското семејство треба да го прифати љубезно и со благодарност. Покрај тоа, бидејќи сите дарови и припаѓаат по право на Круната, кралицата решава што да прави со подароците.

11. Не можат да патуваат заедно
Ова правило е наметнато пред многу векови, кога патувањето на долги релации криело многу ризици. Тогаш наследниците на тронот не патувале заедно, за да се избегне истовремена смрт на целото семејство, но денес, кога патувањата се побезбедни и удобни, кралското семејство често патува заедно.

12. Треба да слават Божиќ заедно
По традиција целото семејство слави Божиќ заедно.

13. Не смеат да јадат ако кралицата престане да јаде
Секој кој вечера со кралицата, вклучувајќи ги и другите членови на кралското семејство, треба многу внимателно да го следи секој нејзин гест, ако не сака да остане гладен. Кога кралицата ќе прекине да јаде, сите други исто така треба да запрат. 14

Коментирај