12 цитати за бракот

0
5023

1. Успешниот брак е помеѓу двајца луѓе кои умеат да си простуваат.
2. Среќниот брак започнува кога ќе бидеме со оној кој го сакаме. И цвета кога го сакаме оној со кого сме.
3. Да се разведете, зoшто вашата љубов исчезнала, е како да си ја продадете колата, бидејќи нејзиниот бензин завршил.
4. Основата на секоја врска, вклучувајќи ја и на бракот, е вештината да разговарате.
5. Многу е важно мажот и жената да се расправаат – така ќе се запознаат едни со други.
6. Успехот на бракот не се состои во тоа да го откриеш „вистинскиот човек“, туку во способноста на двајцата да го прифатат реалниот лик на другиот.
7. Многу бракови ќе беа далеку поуспешни ако сопругот и сопругата сфатеа дека стојат од истата страна на „барикадата“.
8. Во секој брак, кој траел повеќе од една недела, има работи кои можат да доведат до развод. Тајната е во тоа да се откријат работите кои довеле до тоа да склучите брак.
9. Бракот и семејството се повеќе за тоа да се научиш да играш, отколку за тоа да го најдеш вистинскиот партнер за танцување.
10. Разликите се дел од животот. И од врската. Тие не се нешто што можеме да го контролираме. Она што можеме да го контролираме, е начинот на кој реагираме на нив.
11. Бракот не е именка. Бракот е глагол. Тоа е нешто што го правите еден за друг секој ден.
12. Успехот на бракот не се сведува на тоа да го најдеш вистинскиот партнер туку да бидеш вистинскиот партнер.

Коментирај