12 сигурни знаци дека сте го пронашле ВИСТИНСКИОТ

0
1077

Секоја девојка сака да го открие оној маж кој целосно ќе го промени на подобро нејзиниот живот. Да го исполни нејзиното срце со љубов. Да ја натера да сонува за иднината со него. Да го гледа светот во неговите очи. Да знае дека тој ја прифаќа со сите нејзини недостатоци како дел од неа… Ако вашиот партнер ги прави следниве работи, тоа значи дека сте го пронашле вистинскиот:

1. Тој ве става пред своите бизнис интереси и правењето на пари. Вие сте му приоритет.
2. Тој верува во вас и вашите соништа. Подготвен е да ве поддржи кога имате потреба од него.
3. Тој е заинтересиран за вашите интереси, бидејќи сака да ве запознае подобро. Да разбере за работите кои ве возбудуваат и ве прават среќна.
4. Тој ве слуша внимателно, кога зборувате за нешто што е важно за вас. Не одобрува само со главата туку навистина ве слуша што зборувате.
5. Тој ги разбира вашите шеги и се смее на нив искрено.
6. Тој е заинтересиран за вашето здравје и добрата физичка и психичка состојба.
7. Тој не прави скандали на јавни места, кога имате проблеми помеѓу себе.
8. Тој не ве оговара пред други луѓе.
9. Тој го почитува вашето мислење, дури и да е радикално различно од неговото.
10. Тој може да го воздржи неговиот гнев и да не избувнува за сè и сешто.
11. Тој не се срами од вас, дури и да се однесувате глупаво.
12. Тој ги почитува вашите родители и не се обидува да си наоѓа секакви изговори, за да не ги посетите.

Коментирај