12 мисли од Џозеф Марфи – човекот кој ни ја откри Моќта на потсвеста

0
5057

1. Најголемата тајна на големите луѓе на сите времиња, е нивната способност да дојдат во контакт со потсвеста и да ги ослободат своите сили во неа. Вие исто така го можете тоа!

2. Во нашата природна желба да бидеме богати, среќни и успешни нема ништо лошо, напротив, тоа ни е дадено одозгора од вселенската сила.

3. Вие сте како капетан кој го раководи својот брод – треба да давате правилни заповеди (мисли и слики) на вашата потсвест што ги контролира и управува сите ваши искуства.

4. Вашата желба е вашата молитва. Замислете го исполнувањето на таа желба токму сега, почувствувајте ја како реалност и ќе дознаете каква е радоста од тоа вашата молитва да биде чуена.

5. Решително отстранете ги сите негативни мисли исто како што се сечат исушените гранки од едно здраво дрво.

6. Злобата и зависта се пречки за приливот на богатство. Радувајте се на богатството на другите.

7. Законот за потсвеста е фер – тој со математичка точност го извршува она што е утврдено во него. Исполнете ги вашите мисли со зло и со вас ќе се случуваат само проблеми и несреќи. И обратно – исполнете ги со добри и живот ќе биде полн со среќа и успех. Таков е законот.

8. Сè што ве исполнува со вера, доверба, радост и ентузијазам, има власт над вас и управува со вашето однесување. Ентузијазмот ги раководи сите ваши активности, бидејќи ентузијазам значи „опседнат од Бога“.

9. Кај вас не би се појавила некаква желба, ако не постои начин за нејзина реализација. Знајте дека бескрајниот Дух, кој ви ја подарил оваа желба, ќе ви го открие и совршениот план за нејзиното спроведување.

10. Бог никогаш не казнува и не чувствува. Човек сам се казнува себеси заради незнаењето  да ги користи законите на разумот. Единствениот грев е незнаењето, а сите страдања на светот се само негови последици.

11. Успех значи да живееш исполнет и среќен живот, да ги манифестираш најдобрите квалитети и да ги споделуваш со светот сите свои таленти.

12. Имате полно право да бидете богати, да живеете во изобилство и да емитувате среќа и успех. Парите ни се потребни за да се ослободиме од товарот на сиромаштијата и тесните граници.

Џозеф Марфи е меѓу најистакнатите и меѓународно признати авторитети во областа на мистицизмот, себеспознавањето и верските науки.

Коментирај