12-годишно девојче почина денеска од грип

0
299

Нова, четврта жртва од сезонскиот грип е 12-годишно девојче кое утринава починало на Клиниката за детски болести и фебрилни состојби во Скопје, каде било примено пред четири дена, потврди денеска д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Девојчето било болно и од церебрална парализа и од мускулна дистрофија. Ова е четврти смртен случај од компликации од грип.

Ова е втор смртен случај од грип за една недела. Претходниот е 86-годишен скопјанец кој починал од компликации на Клиниката за инфективни болести во минатата недела, а кај него не биле евидентирани други заболувања.

Извор:republika.mk

Коментирај