11 прашања кои секој од нас треба да си ги постави

0
1043

Прекумерното анализирање за себеси може да е чекор кон нарцизам, но многу луѓе паѓаат пак во друга крајност – забораваат да упатат поглед внатре во себеси. Сократ вели „Животот кој не е истражуван, не вреди да се живее“. Еве неколку прашања  кои секој од нас треба да си ги постави:

1. Кога сум бил / а најмногу среќен / а?
За да и помогнете на вашата меморија, можете да се обидете да го следите живот хронолошки или според различните активности: работа, училиште, празници, хоби, врски.

2. Што треба да правам повеќе?
Не сте сигурни? Размислете за неодамнешните достигнувања во кои сте биле не само задоволни со резултатот, туку и сте уживале во самиот процес.

3. Што треба да правам помалку?
Можете да најдете нешто ако ги изборите неуспесите што сте ги имале.

4. Што треба да правам различно?
Размислете за вашите активности во и надвор од работата, кои се важни и / или морале да ги правите често. Ќе бидете ли поефикасни или посреќни, ако правите некои од нив поинаку? Ако е така, што?

5. Каде сум најефикасен / а?
На работното место некои луѓе се поефикасни кога работат сами, други во социјална средина, едни дома, други – во канцеларија. Надвор од работното место, работите ли најефективно кога сте дома, во куќата на пријател, за време на некој состанок во установа?

6. Зошто повеќето луѓе реагираат спрема мене на одреден начин?
Човек може постојано да предизвикува реакции, кои се топли, ладни, рамнодушни или целосно непријателски. А вие? Имате ли идеја зошто? Ако не сте сигурни, прашајте доверливи луѓе кои можат да ви дадат искрен одговор.

7. Што би направил мудрецот во мене во оваа ситуација?
Насекаде можеме да се однесуваме како најдобариот или како најлошиот јас. Ова прашање помага да го извлечете најдоброто од вас.

8. На кого би сакал да личам?
Некои луѓе се инспирираат од познати личности. Има ли човек од кого би научиле како да решите некој одреден проблем ?

9. Што сакам да направам денес?
Обидете се вечер пред спиење, да си создадете распоред за следниот ден.

10. Ми помага ли анализирањето на ова или она лошо искуство?
Понекогаш има смисла да се навратите на лошото однесување на вашите родители, партнерот, пријателите или шефовите кои го имале вас. Но, во повеќето случаи, разгледувањето уште еднаш на слични искуства може да донесе само штета.

11. Што има значење, што навистина е важно за мене?
За некои луѓе сè се сведува на семејството. За други работата зазема централно место. Како е во вашиот случај?

Коментирај