10 знаци кои покажуваат дека треба да почнете да работите за себе

0
512

Сите шефови сакаат да вработат амбициозни работници со голема енергија и многу идеи. Теоретски е така. Во пракса, понекогаш се случува шефовите да се плашат од такви луѓе, бидејќи ги чувствуваат како конкуренција за сопствената работа. Но можете ли да ја менувате работата секој пат кога некој ќе ве гледа како закана? Ова не е рационално решение. Подобро замислете се дали да почнете да работите за себе. Еве кои се знаците дека времето за тоа е дојдено.

1. Можете да постигнете повеќе отколку вашата сегашна работа  бидејќи квалификациите и компетенциите ви се протегаат надвор неа.

2. Имате одлични идеи, но одредени политики на компанијата ви пречат да ги реализирате.

3. Молчите на состаноците, бидејќи знаете дека вашиот преголем ентузијазам може да вознемири некого.

4. Сонувате за големите работи кои можете да ги направите – и не гледате начин да ги исполните на сегашната работа.

5. Блиските и пријателите ви советуваат да ја напуштите работата и да се пробате да создадете свој бизнис.

6. Работите најдобро кога не сте во канцеларија – ви текнуваат одлични идеи под туш или додека патувате кон дома.

7. Постојано мислите: „Би можел / можела да го направам тоа подобро“ за различни нешта во вашата работа.

8. Имате полни тефтери со планови, шеми и визии, но не и можност да ги претворите во реалност.

9. Се почесто се прашувате дали платата ви ја оправдува смртта на мозочните клетки, која си ја предизвикувате на работа.

10. Не ги поднесуваате корпоративните правила. Сфаќате дека ќе можете да се „ослободите“, ако не сте толку ограничени.

Ако овие знаци се валидни за ситуацијата во која што се наоѓате, не се плашете – тоа е можност! Направете си детален план и одете смело напред кон сопствениот бизнис.

Коментирај