10-те најопасни градови во светот

0
823

Според истражувањето на мексиканската невладина организација „Граѓански совет за јавна безбедност“, сите 10 најопасни градови за живеење се наоѓаат во Латинска Америка. Според организацијата, тоа се должи на огромното влијание на нарко картелите, лошата економска состојба и неангажираноста на државната власт да се бори против криминалните групи. Истражувањето важи само за градови, што не се дел од воени зони. Бројките се во просек од 100 илјади жители.

10. Натал, Бразилија- 69,56 убиства на 100 илјади жители.
9. Валенсија, Венецуела- 72,02 убиства.
8. Суидад Гуајана, Венецуела- 82,84 убиства.
7. Сан Салвадор, Салвадор- 83,39 убиства.
6. Матурин, Венецуела- 84,21 убиства.
5. Суидад Викторија, Мексико- 84,67 убиства.
4. Дистрито Сентрал, Хондурас- 85,09 убиства.
3. Сан Педро, Сула, Хондурас- 112,08 убиства.
2. Акапулко, Мексико- 113,24 убиства.
1. Каракас, Венецуела- 130,35 убиства.

Коментирај