10 проблеми што ги разбираат само девојките кои имаат многу машки пријатели

0
553

Да имате многу машки пријатели е одлично, но за жал, покрај сите предности ваквите пријателства имаат и  свои недостатоци и можат да создадат одредени компликации. Прекрасно е што можете да ги прашате за  љубовни совети или како да се справите со одредена ситуација или која боја најмногу ви стои, но има и други не толку пријатни работи.

Моментот кога ќе сфатите дека споделувате повеќе со вашите машки пријатели отколку со вашето момче
Ова ви изгледа чудно, бидејќи жената во својата визија „мора“ да сподели сè со својот интимен партнер. Не треба да се грижите. Тие се ваши пријатели, без разлика од кој пол се. Затоа не се вознемирувајте непотребно!

Вашите машки пријатели не ги прифаќаат вашите музички вкусови
Да речеме дека ви се допаѓа Џастин Тимберлејк или Бијонсе – да не се лажеме нивните песни повеќе им се допаѓаат на жените. Затоа е добра идеја да слушате таква музика кога сте со вашите пријателки, а за вашите пријатели избирете нешто помажествено.

Некои од вашите пријатели се заљубуваат во вас
Но вие, не! И ете од каде доаѓа драмата! За жал, мажите (не сите) често не ја разбираат границата помеѓу  пријателството и љубовта…

Вашите пријатели сакаат различни филмови
И тоа е сосема нормално. Ако вам ви се допаѓаат комедии или љубовни филмови на мажите ретко кога овие жанрови им се привлечни. Тие повеќе преферираат акција драма или хорор… Ова одењето на кино заедно го прави  тешко.

Кога ќе отидете во бар, луѓето мислат дека сте во врска со сите тие мажи!
Па, добра среќа, нели? 🙂 Полигамијата сигурно не е ваша работа, но поради тоа што сте опкружени само со машко друштво ретко кое друго момче би се осудило да ви се приближи. Само вистинскиот маж би имал храброст за тоа! Ете затоа е добро да имате машки другари. Така ќе знаете кој маж е достоен да ви биде интимен партнер!

Станува здодевно кога вашите пријатели ќе зборуваат за супер сексите актерки
Да слушате Меган Фокс 15 минути – тоа е премногу. Жените не сакаат да знаат дека постојат и други жени кои се посекси од нив 🙂 .

Девојките на вашите пријатели гледаат во вас со недоверба
Тешко им е да прифатат дека нивниот дечко споделува сè со вас, дури и најинтимните работи. Ова е причината зошто секогаш ќе гледаат со сомнеж.

Вашите пријателки прашуваат зошто не одите со еден од вашите машки пријатели
Ако добро се разбирате, каде е проблемот? Впрочем, овие денови тешко е да се најде лице со кое ќе можете да разговарате за различни теми и да се чувствувате добро.
Но, тие не разбираат дека љубовта и пријателството се две различни работи.

Тешко е да му објасните на вашиот интимен партнер за вашите машки пријатели (во повеќето случаеви)
Во почетокот, тој нема да ги прифати, бидејќи не ви верува, а исто така и нив. Но, со текот на времето, сè ќе се среди.

Зборувајќи за сексуални односи со вашите машки пријатели е исто како да зборувате за сексуални односи со вашето семејство
Вашите пријатели ве гледаат како сестра, а на еден брат не му е баш секогаш пријатно да ја слуша сестра му како зборува на оваа тема.

Коментирај