10 квалитети на кои мажите посветуваат внимание пред да стапат во брак

0
377

И денеска во 21 век постои стереотип дека мажот го цени само женското тело, добриот изглед и послушноста. Но, ако некој маж сака да има долгорочна врска, тој посветува внимание и на други работи кои не се поврзани со  надворешната убавина. Погледнете кои се тие:

Интелигенција

Оваа особеност е една од најважните за долгорочни и стабилни односи: никој маж не сака да се чувствува непријатно поради глупоста на својата партнерка. Мажите кои велат дека не им треба интелегентна жена не само што ги лажат другите туку се лажат и самите себеси.

Чувство за хумор
Ако можете да примате шеги со насмевка без да се налутите, вие сте силна и способна личност. Мажите со задоволство ги прифаќаат жените кои знаат да се пошегуваат и исто така и да примаат шеги.

Верност
Можеме да поминеме векови разговарајќи за тоа дали луѓето се моногамни или не. Но, ајде да си признаеме. НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ИЗМАМЕН! Секој маж сака да најде жена  која ќе го помине целиот живот само со него.

Самодоверба
Самодовербата кај една жена игра поважна улога отколку нејзиниот изглед. Ако жената се чувствува фантастично, сите наоколу ќе го мислат истото за неа.

Добрина
Никој не сака лоши и зли луѓе. Жените кои блескаат одвнатре и имаат добро срце ги
привлекуваат мажите без никаков проблем.

Емпатија
Некои луѓе мислат дека оваа карактеристика е тешка и вознемирувачка. Но, ако жената е подготвена на сочувство, таа станува посреќна: мажот е сигурен дека секогаш ќе добие поддршка.

Подготвеност да се слуша
Мажите не се отвараат многу често. Но, кога го прават тоа, тие ги ценат жените што можат да слушаат и да дадат совет.

Независност
Се разбира, секој маж сака да ја заштити својата сакана и да се грижи за неа. Но, зависноста на жената кон мажот и неможноста да се справи со ситуации и одлуки по себе не е атрактивна. Не постои маж кој  сака да биде бебиситерка.

Едноставност
Мажите не ја сакаат кралицата на драмата. Мажите не сакаат жени кои се лицемерни!

Директност
Никој не може да ги прочита мислите на другиот. Затоа мажите ги ценат жените што кажуваат сè, што мислат. Ова помага да се избегнат разни конфликти и ментални трауми.
Што мислите, дали овие се навистина најважните квалитети кај една жена?

Коментирај