10 факти за Кралската кобра

0
1327

Кралската кобра е уникатно суштество. Таа истовремено е исклучително убава и страшна. Кралската кобра се користи во спектакуларни претстави, во кои „танцува“ во транс под звуците на флејта или со доста смели луѓе кои се обидуваат да ја допрат и дури и ја бакнуваат по главата без таа да ги касне.
Всушност чуварите на Кралската кобра многу добро го познаваат овој вид на змии и затоа не се плашат од неа. Всушност таа не е непредвидлива и не напаѓа неразумно.
Еве и неколку факти за Кралската кобра :

  1. Кралската кобра не припаѓа на родот Кобра, туку си има свој посебен род.

2. Кога ќе се сретнат две Кралски кобри си го мерат растот и која од нив е помала таа отстапува.

3. Научниците тврдат дека таа има одлична меморија и е во состојба да го разликува својот сопственик од сите други луѓе.

4. Нејзиното каснување може да убие слон. Но всушност Кралската кобра напаѓа исклучително ретко.

5. За разлика од другите змии Кралската кобра може да ја контролира дозата на својот отров. Постојат случаи во кои таа дури гризе и без отров, ако нема потреба да се храни.

6. Родот Кралска кобра има само два видови.

7. Кралската кобра е единствената змија, која се храни со други змии, вклучувајќи и отровни.

8. Половиот акт помеѓу две Кралски кобри може да трае до 72 часа.

9. За разлика од повеќето други змии, Кралската кобра прави гнездо и ги чува топли јајцата додека да се изведат. После изведувањето веднаш ги остава.

10.Кралската кобра е најголемата меѓу отровните змии. Нејзината должина може да достигне до 6 метри.

Коментирај