1.300 туристи останаа без одмор, се расипа крузерот во Норвешка

0
413

Околу 1.300 луѓе чекаат да бидат евакуирани, откако на норвешкиот крузер „Викинг скај” на сред невреме му откажал моторот во водите во близина на западниот брег на Норвешка.

Во соопштението на Поморската служба на Норвешка, е соопштено едека туристичкиот брод струјата го носи кон копното и оти посадата испратила повик за помош.

Спасувачките екипи со хеликоптери и бродови се тргнати кон местото каде што се наоѓа крузерот, а на копно се подготвува терен за евакуираните патници.

Крузерот е сопственост на групацијата „Вајкинг океан крузес”, на норвешкиот милијардер Торстеин Хаген. Според официјалните информации од сајтот на компанијата крузерот можел да прими 930 патници.

Извор:Република

Коментирај